Фудбалската репрезентација на Македонија е исправена пред претпоследниот предизвик во овој квалификациски циклус, гостувњето во Виена против Австрија. Можеби и со најмногу кадровски проблеми во последните неколку години, но и со огромни мотиви да се покаже квалитетот и да се одигра многу подобро отколку во Скопје против истиот ривал, кога загубивме со 1-4.
Селекторот Игор Ангеловски верува во своите избраници, иако ќе нема на избор голем дел од нив. Адеми, Алиоски, Тричковски не допатуваа поради повреди, Николов, Муслиу и Несторовски се суспендирани за овој меч поради жолти картони, а неизвесни се и капитенот Горан Пандев поради зголемена телесна температура и Спировски, Ристовски и Дарко Велковски кои неодамна се вратија по повредите и се уште не се доволно фит.
Јасно е дека изборот на селекторот е ограничен, но тој има неограничена доверба во оние што ќе одреди да настапат.
„Јасно потенциравме дека нема да кукаме, тренирам големи борци и сигурен сум дека и вечерва против Австрија ќе се борат до последен атом за добар резултат. Австрија на минатите мечеви покажа дека е доминантна репрезентација во групата, но ние сакаме да покажеме квалитетна игра и да ги завршиме квалификациите во добро расположение и се надеваме на третата позиција во групата“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Натпреварот меѓу Австрија и Македонија ќе се игра на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена кој ќе биде исполнет речиси до последното место. Досега се продадени повеќе од 40.000 влезници, а капацитет е 50.000 седишта. Австријците најавуваат фешта, со оглед дека еден бод им недостига за и официјално да обезбедат пласман на Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













