
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во Скопје официјално ги започна подготовките во пресрет на силниот контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.
Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.
Нашите млади репрезентативци вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски” официјално го одработија првиот тренинг, остануваат уште два пред заминувањето за Хрватска.
Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Драги Канатларовски не го крие задоволството што Македонија ќе има прилика да учествува на еден силен меѓународен турнир каде што учество ќе земат и квалитетни селекции како Хрватска, Албанија и Саудиска Арабија.
„По консултациите со мојот тимот за одигрување на што поголем број контролни натпревари, се со цел што подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во март, можам да изразам задоволство што ќе учествуваме на еден ваков силен турнир во Хрватска. Ова е наш втор собир, првиот собир на оваа генерација беше во јуни каде што одлично стартувавме, забележавме две победи над Бих. Се надевам дека во ист ритам ќе продолжиме, со квалитетна игра, голема пожртвуваност и желба за победа. Од натпревар во натпревар ќе се обидеме да ја подобриме нашата играта и да растеме и напредуваме заедно како тим. Вредно и напорно работиме, се трудиме сите заедно максимално на секој тренинг. Ме радува фактот што ги имаме сите играчи на располагање, во Хрватска ќе ни се придружи и Кристијан Тасевски. Оваа репрезентација поседува квалитет и знаење, се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа”, изјави Канатларовски.
Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември. Три дена подоцна силите ќе ги одмериме со селекцијата на Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
