
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, вечерва во Алмере со почеток од 20 часот ја очекува дуел со Холандија во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство, кое 2025 година ќе се одржи во Словачка.
Нашите млади фудбалери вечерва на стадионот „Јанмар“ ќе се сретнат со фаворизираната селекција на домаќинот. Андреј Стојчевски во името на соиграчите најави голема борба.
„Нѐ очекува тежок натпревар против силен противник и ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани во текот на сите 90 минути. Свесни сме за квалитетот со кој располага Холандија, репрезентација која е една од најдобрите во Европа, но свесни сме и за нашиот потенцијал кој треба и се надевам дека ќе го покажеме на вечерашниот натпревар. Единствено со многу борба и голема верба во самите нас, можеме да се надеваме на позитивен резултат“, изјави Стојчевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
