Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година вечерва (19.45 часот) во Истанбул, Турција, ќе го одигра последниот дуел од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во последното коло од групата Х силите ќе ги одмерат со силната селекција на Украина.
Селекцијата на Македонија до 21 година зеде залет по триумфот над Ерменија (3:1), а сега сака позитивно да го заокружи овој циклус.
Тимот на селекторот Драги Канатларовски ќе биде ослабен со неиграњето на офанзивецот Арби Воша кој се пожали на повреда.
Првиот натпревар што го одиграа овие две репрезентации, на тренинг центарот „Петар Милошевски” заврши нерешено 1-1. За нашата селекција на тој натпревар стрелаше Томче Гроздановски, кој во меѓувреме доби повик во А репрезентацијата на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Модриќ: Милан мора да победува ривали како Пиза













