
Младиот талент на Барселона, Марк Бернал, имаше успешна операција на коленото и менискусот, официјално информираа од Барселона. Интервенцијата ја изврши лекарот Жоан Карлес Монлау во клиника во Барселона и играчот ќе остане под надзор на клупските лекари.
Од „Камп Ноу“ додадоа дека очекуваното закрепнување на Марк Бернал треба да трае дури 12 месеци.
Марк Бернал ја доби довербата на Ханси Флик од почетокот на сезоната, а се повреди на натпреварот против Рајо Ваљекано во пресметка со еден противнички играч.
Надежите на Ханси Флик и луѓето во Барселона се дека повредените Френки де Јонг и Ансу Фати ќе се вратат во ритам по репрезентативната пауза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
