Connect with us

Младинскиот репрезентативец Метју Божиновски позајмен во Велингтон

Австралискиот клуб Мелбурн Виктори го продолжи договорот на Метју Божиновски на уште две години, до крајот на сезоната 2022-23. Клубот потоа го позајми Божиновски на Велингтон Феникс за претстојната сезона во А-лигата која започнува на 19 ноември.

Божиновски сè уште чека на своето деби во сениорската А-лига, иако беше дел од сениорскиот тим во изминатите две сезони. Тој има 14 настапи за Виктори во младинската лига.

“Навистина сум возбуден што започнав, отсекогаш ми било сон да играм во А-лигата и да бидам професионален фудбалер, така што тоа е горд момент за мене и целото мое семејство. Ја следам А-лигата поголемиот дел од мојот живот, така што знам дека Феникс е голем клуб со одлични навивачи и клубот имаше многу добри играчи во последните години,” изјави 20-годишниот дефанзивец.

Божиновски има одиграно четири натпревари за селекцијата на Македонија до 21 година, а и беше стартер во поразот од Франција од 3-0 во септември, каде на теренот се сретна со многу светски таленти, вклучувајќи го и играчот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови