Лошите игри и резултати веднаш креваат тензија во големите клубови, па така е и во Манчестер Јунајтед. Британските медиуми откриваат дека постои сериозен проблем во соблекувалната на „Олд Трафорд“. Сето ова поради новото засилување Џејдон Санчо.
Постои поделено мислење за Џејдон Санчо во соблекувалната, на многумина не им се допаѓа играта, но и однесувањето на младиот напаѓач.
Сагата, која траеше буквално две години доби епилог со трансфер од 100 милиони евра кои беа платени на Борусија Дортмунд, а Џејдон Санчо пристигна во Манчестер Јунајтед. После него, се врати и Роналдо, а навивачите на Јунајтед беа во транс.
Сепак, се брзо стивна. Јунајтед е очаен на теренот, иако на хартија се чини дека има се.
Санчо веќе неколку недели е цел на критичарите, а денес протече веста дека некои негови соиграчи мислат дека тој не заслужува да биде стартер.
Уште поголем проблем за нив е неговото однесување на тренинзите и фактот дека има заштита од клубот и менаџерот, бидејќи „мора да игра“ како најскап. Меѓутоа, сега кога се врати Рашфорд се врати, а Гринвуд е најдобриот играч од почетокот на сезоната, Санчо ќе има голема конкуренција.
Јунајтед оваа недела ќе се сретне со Аталанта во ЛШ, потоа со Ливерпул, а практично не смее да загубиме ниту еден натпревар. Дали Санчо ќе биде стартер и дали тоа ќе создаде уште поголем проблем?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













