Поранешниот германски германски репрезенттивец Мирослав Клосе (46) го презема германскиот второлигаш Нирнберг со кој потпиша двегодишен договор. Нирнберг минатата сезона ја заврши на 12. место во конкуренција на 18 клубови во Втората Бундес-лига.
Клосе, кој се повлече од професионалниот фудбал на крајот на сезоната 2015/16, беше тренер само на Алтах во Австрија како главен тренер и помина 24 натпревари на клупата. Тој исто така работеше како помошен тренер во Баерн во текот на 2020 и 2021 година и го предводеше тимот до 17 години на баварскиот гигант.
Играчката кариера ја започна во Кајзерслаутерн, а подоцна играше во Германија за Вердер и Баерн Минхен. Кариерата ја заврши во Лацио. Одигра 599 натпревари на највисоко ниво и постигна 230 голови. Во дресот на германската репрезентација одигра 137 натпревари и постигна 71 гол. Со Германија ја освои титулата светски шампион во 2014 година.
Тој сѐ уште е севкупно најдобар стрелец во историјата на светските првенства со 16 гола. По него следуваат Бразилецот Роналдо (15), Германецот Герд Милер (14), Французинот Жист Фонтен (13), Аргентинецот Лионел Меси (13) и бразилската легенда Пеле, кој постигна 12 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













