
Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид по крајот на оваа сезона виси на конец, тврди каталонски „Спорт“. Претседателот Флорентино Перез е комплетно разочарана од начинот на кој тимот одигра во поразот 0-1 од Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите и не го гледа Анчелоти како човек што може да ги доведе во нова ера.
Анчелоти беше назначен минатото лето, откако „кралскиот клуб“ не успеа да ги привлече Маурисио Покетино и Антонио Конте. Италијанскиот стручњак во тоа време беше во Евертон и изгледаше како совршен човек да го замени Зинедин Зидан на краток рок.
Реал Мадрид е во водство во Ла Лига, но е на само четири бода од второпласираната Севилја. Тие го освоија и шпанскиот Суперкуп, но беа елиминирани од Купот на Кралот по поразот од Атлетик Билбао и сега се соочуваат со предвремено испаѓање од Лигата на шампионите, натпреварување кое на „Сантијаго Бернабеу“ се цени најмногу од се.
Анчелоти има уште две години од договорот, но можно е Флорентино Перез да направи промена на лето.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се најголемите кандидати за клупата на „кралевите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
