Connect with us

Миовски: Чувствував дека можам да му дадам гол на Селтик (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец на Абердин во ремито (1-1) против шкотскиот гигант Селтик, а потоа беше прогласен и за играч на натпреварот од „Скај Спортс“.


„Чувствував дека можам да му дадам гол на големиот Селтик. Тоа на полувреме им го кажав на соиграчите и среќен сум успеав во тоа. Имавме шанси потоа и за победа, но може да бидеме задоволни со бод од пресметката со најдобриот тим во лигата. Ремито носи огромен мотив секако и за се што не очекува во продолжение во првенството“, изјави Миовски.

Македонскиот ас беше и една од желбите на Селтик во овој зимски преоден рок, но на крајот остана во Абердин.

За Миовски ова беше шести дуел против Селтик во кариерата и втор погодок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови