Македонија славеше убедлива победа (0-4) над Лихтенштајн во Вадуц, а првите минути за А-тимот ги одигра напаѓачот Бојан Миовски. Имаше две одлични шанси за погодок, но голманот на Лихтенштајн го спречи да стигне веднаш и до погодок. Сепак, најважно е што Македонија оствари триумф, а в понеделник следи дуелот против големиот фаворит Германија во Скопје.
„Да се биде дел од националниот тим е гордост. Како и за сите млади луѓе, чест ми е што дебитирав и мислам дека во иднина ќе ја оправдам довербата на селекторот Благоја Милевски. Знаевме дека ќе ни биде полесно против Лихтенштајн штом еднаш ќе ги отвориме. Постигнавме навреме прв гол и потоа стигнавме до убедлив триумф. Што се однесува до следниот меч, секој фудбалер ужива да игра против Германија. Мислам дека нема да не потценат, посебно по победата на Македонија на првиот меч. Со поддршка со публиката, мислам дека можеме да им дадеме голем отпор“, изјави дебитантот во националниот тим, Бојан Миовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













