Connect with us

„Милионерите“ славеа во голеада, Себастијан Але се врати на теренот (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд го совлада Аугсбург со 4-3 во меч во кој Себастијан Але се врати на фудбалските терени. Францускиот напаѓач кој во изминатиот период го победи ракот на тестисите, доби половина час на овој дуел.

Џуд Белингем го отвори резултатот, а израмни Мајер. Шлотербек донесе нова предност за „милионерите“, но Аугсбург на одмор замина со 2-2 со голот на Ермедин Демировиќ.

Борусија Дортмунд повторно поведе преку Џејми Бино-Гитенс, но израмни Давид Колина само две минути подоцна.

Победничкиот гол за „милионерите“ го постигна Џовани Рејна во 78.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови