
Борусија Дортмунд загуби на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт со 1-2 и е се подалеку од Лигата на шампионите. Во директниот дуел, Ајнтрахт Франкфурт оствари триумф и сега има седум бода позитива на четвртата позиција во однос на „милионерите“.
Нико Шулц си постигна автогол за водство на Ајнтрахт во 11.минута, а Матс Хумелс израмни пред самиот истек на првиот дел. Победничкиот гол за гостите го постигна Андре Силва во 87.минута од мечот.
Баер Леверкузен со 2-1 го совлада Шалке. Аларио и Патрик Шик стрелаа за домашниот состав, а Хунтелар погоди за Шалке.
Волфсбург со 1-0 го совлада Келн со голот на Јосип Брејало, а Аугсбург славеше против Хофенхајм со 2-1. Мајнц и Арминија Билефелд ремизираа, 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
