Connect with us

Милевски: Само ако бидеме на максимум, ќе успееме да ја реализираме нашата цел против Лихтенштајн

Макфудбал во Вадуц

Македонската фудбалска репрезентација е подготвена за дуелот против Лихтенштајн, кој ќе биде воведен во квалификациите за Светското првенство 2026 и се игра утре, со почеток во 15 часот.

Селекторот Благоја Милевски останува оптимист, но истовремено е претпазлив, нагласувајќи дека фаворитската улога мора да се оправда со квалитетна игра за да се освојат првите три бода.

„Важно е да започнеме со победа и да ја продолжиме позитивната серија. Но, тоа ќе биде возможно само ако го дадеме нашиот максимум. Ме радува што нашите репрезентативци сè повеќе добиваат минутажа во своите клубови“, изјави Милевски.

Тој истакна дека ниту еден противник не смее да се потцени и дека секој дел од тимот мора да функционира беспрекорно.

„За да победиме, сите линии и сегменти на играта мора да бидат на највисоко ниво. Сите тимови напредуваат, и затоа мораме да останеме фокусирани и максимално подготвени на секој натпревар. Само така можеме да постигнеме континуирани добри резултати“, додаде селекторот.

На почетокот, Милевски изрази сочувство за жртвите од трагедијата во Кочани.

„Сè уште ми е тешко да зборувам за тоа. Повторно изразуваме почит кон настраданите. Но, сега треба да се фокусираме на натпреварот“, заврши тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови