Connect with us

Милевски: Ова ќе биде поинаков натпревар од сите претходни со Лихтенштајн

Овој натпревар прoтив Лихтенштајн ќе биде сосема поинаков од сите претходни со овој противник и не можеме да се потпираме на добрата статистика од претходните средби. Ова особено го велам поради изданијата на Лихтенштајн во последниот период, порача селекторот на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на прoдолжението од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар.

„Би бил задоволен со три бода, но за тоа ќе ни треба максимален труд и концентрација за да бидеме на нашето најдобро ниво и да ја оствариме целта. Барди ќе му недостасува на тимот, но и тој што ќе го замени, а и сите останати ќе бидат на најдоброто ниво. Дали Ердал Ракип ќе биде негова замена ќе биде одлучено утре пред натпреварот кога ќе има и јасна слика околу ситните повреди на дел од играчите. За тактичките работи не би зборувал, Лихтенштајн на сите натпревари што ги одигра покажа дека се работи за цврста екипа, тактички добро организирана и навистина ќе треба да бидеме на најдобро ниво за да победиме“ – рече Милевски на прес конференцијата во пресерет на средбата против Лихтенштајн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови