МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (2-0) од Грузија на гостувањето во Тбилиси. Со тоа е загубена и битката за првото место.
Сепак, селекторот Благоја Милевски е задоволен од играта, со оглед дека Македонија доминираше во поле, создаде многу шанси, но недостигаа головите.
„Можеме да бидеме горди на прикажаното, одигравме квалитетен меч, иако загубивме. Создадовме многу шанси, но повторно има пад на концентрацијата и грешки во клучни моменти. Ние сме тим, заедно победуваме и заедно губиме, никогаш нема да издвојувам поединци, а би побарал поддршка од сите за овие помлади момци кои сега доаѓаат да бидат носители во националниот тим. Сакам да им честитам на Грузијците за триумфот и освојувањето на првото место во групата од Лигата на нации“, изјави Благоја Милевски.
Македонија во последниот меч од ова издание во Лигата на нации в понеделник на арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека селекцијата на Бугарија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski