МАКФУДБАЛ во Гент,
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе игра еден од најважните мечеви во поновата историја, ќе се исправи против најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Белгија.
И тоа не од било која позиција, Македонија дојде овде како првопласирана селекција во групата.
Селекторот Благоја Милевски вели дека е горд на тоа што досега го одиграа македонските репрезентативци и верува дека и утре ќе го дадат најдоброто од себе.
“Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













