
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го игра петтиот меч од годинашното издание во Лигата на нации. Во Скопје ќе гостува селекцијата на Летонија која минатиот месец во Рига ја поразивме со 0-3.
Сепак, селекторот Благоја Милевски предупредува дека нема да биде така лесно на утрешниот меч.
„Секој натпревар е нова приказна, нова поставеност, почнува од 0-0. Не треба да нѐ залажува убедливиот триумф во Рига. И на тој натпревар Летонија воопшто не беше наивна селекција, туку одигра квалитетно. Ние сепак го гледаме нашиот тим, фудбалерите се мотивирани да покажат добра игра и сигурно дека ќе се обидеме да стигнеме до нова победа. Атмосферата е одлична, верувам дека и публиката ќе нѐ бодри, тоа секогаш им е потребно на момците кои даваат и повеќе од максимум на секој натпревар во дресот на Македонија“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Столе Димитриевски верува дека ќе продолжи да ја чува мрежата без да се тресе и на утрешниот дуел.
“Секогаш кога ќе кажам пред новинарите дека ќе имам чиста мрежа, тоа и ми се исполнува. Еве и сега, би сакал секако да ја сочувам мрежата, но и да оствариме победа”, изјави Столе Димитриевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра утревечер на Арената „Тодор Проески“, а со триумф нашиот национален тим и дефинитивно ќе го потврди првото место во групата и пласманот во Б дивизија, но и ќе направи чекор напред кон позиционирање за мундијалски бараж.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
