
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на играчи за кои ќе смета за двата квалификациски натпревари против Белгија и против Казахстан, а првпат повик доби играчот на ОФК Београд, Стефан Деспотовски, поранешен младински репрезентативец.
“Имаме еден дебитант, тоа е Стефан Деспотовски, но имаме и неколку повредени кои отсуствуваат, а и Бојан Миовски, Исник Алими, чувствуваат повреди, но се надеваме дека ќе можат да помогнат. Фокусот ни е кон првиот меч, Белгија е селекција можеби во Топ 5 селекции во светот, имаме јасна цел како да се спротивставиме, но повторно е најважно како ние ќе успееме да одиграме. Едно е јасно, ќе мораме да бидеме подобри од минатиот јуни, кога не остваривме добри резултати”, изјави селекторот Благоја Милевски.
Билетите за мечот со Белгија ќе чинат од 300 до 500 денари, а првиот собир на националниот тим е утре.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аврамовски двоен стрелец во триумфот на Сиваспор (ВИДЕО)
