Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, побарал големо зголемување на платата при преговорите за нов договор, објавија денеска италијанските медиуми. Леао побарал годишна плата од 7,5 милиони евра и бонус од околу два милиони, објави „Газета дело спорт“.
Тоа би било големо зголемување на платата за повеќе од четири пати, бидејќи Леао сега заработува околу 1,8 милиони евра по сезона.
Договорот на Леао истекува на крајот на сезоната 2023/24, а преговорите за продолжување на соработката траат од почетокот на оваа година.
Во преговорите може да биде проблем и откупната клаузула која изнесува 150 милиони евра, бидејќи фудбалерот сака да биде намалена.
Италијанските медиуми во јануари објавија дека претставниците на Леао побарале клаузулата да се намали на 80 милиони евра, што значително би го олеснило заминувањето на португалскиот фудбалер од „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













