
Милан јасно стави до знаење дека нема намера да прави никакви компромиси кога станува збор за иднината на португалското крило Рафаел Леао, и покрај интересот од Баерн Минхен.
Според информациите на „Газета дело Спорт“, италијанскиот гигант го смета Леао за клучна фигура во изградбата на тимот за наредната сезона и би размислувал за негова продажба само доколку пристигне понуда од најмалку 100 милиони евра. Во спротивно, заинтересираните клубови ќе мора да ја активираат откупната клаузула од 175 милиони евра која е наведена во неговиот договор.
Со ваквиот цврст став, управата на „росонерите“ има за цел да ги одврати потенцијалните заинтересирани клубови и да го задржи Леао на „Сан Сиро“. Новиот тренер Масимилијано Алегри, исто така, го гледа португалскиот репрезентативец како неопходен дел од својата визија за реконструкција на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal