Милан со луд пресврт дојде до победа од 3-2 против Верона на домашен терен во деветтото коло од Серија А. Гостите од Верона дојдоа до водство уште во раните минути од натпреварот преку Капрари, а агонијата на “росонерите” продолжи, кога во 24. минута во шеснаесетникот на Милан беше соборен Калиниќ.
Судијата досуди пенал за Верона, а Барак беше прецизен од белата точка, за водство на “жолто-сините” од неверојатни 0-2. Тимот на Милан замина на паузата со негатива, која се мислеше дека е недостижна. По речиси еден час игра, Леао со одличен центар-шут го пронајде Жиру, кој намали на 2-1 и им даде крилја на “росонерите”.
Понесени од намаленото водство на Верона, Милан продолжи да напаѓа, па како резултат на тоа, освои и удар од белата точка, благодарение на Кастиљехо. Кеси успешно стрелаше за изедначување од 2-2, а тоа беше најава дека тимот на Тудор може комплетно да падне.
Се покажа дека Верона веќе не може да ги издржи силните напади на Милан, па во 77. минута, при еден центар-шут на Кастиљехо, Гунтер несмасно ја зафати топката, која заврши во мрежата на неговиот чувар.
Благодарение на оваа победа, екипата на Стефано Пиоли моментално се искачи на првото место на табелата со 22 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













