
Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ направи вистински потег кога летово дојде во Торино на позајмица од премиерлигашот Вест Хем. Тој не се снајде најдобро во Лондон, имаше мала минутажа кај менаџерот Мојес, но работите се променија под команда на неговиот сонародник Иван Јуриќ во Торино.
Офанзивниот играч за врска е незаменлив дел од тимот од Серија А, откако ги одигра сите натпревари откако се приклучи на позајмица и постигна три гола во Серија А.
Проблемот за Торино може да настане на крајот од сезоната кога истекува позајмицата на 25-годишниот фудбалер, а за негово купување мора да се издвојат 22 милиони евра, можеби и премногу за скромниот буџет на клубот.
Ситуацијата околу Влашиќ ја следи шампионот Милан, па италијанските медиуми пишуваат дека „росонерите“ би биле подготвени да ги платат бараните пари за поранешниот најдобар фудбалер на руската лига и да го обезбедат неговиот потпис за следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
