Болоња синоќа без тренерот Синиша Михајловиќ на клупата освои голем бод против Милан на „Сан Сиро“. Немаше голови, натпреварот заврши 0:0, а во текот на натпреварот домаќинот најде начин да му даде поддршка на својот поранешен тренер во уште една тешка борба против леукемијата.
На семафорот за време на натпреварот беше прикажана порака за поддршка на Синиша Михајловиќ: „Напред Синиша! Семејството „росонери“ е со тебе“.
Оваа порака се прошири во текот на вечерта на социјалните мрежи, а тоа е уште една во низата пораки со слична содржина кои Михајловиќ ги доби деновиве откако најави дека по вторпат ќе започне голема борба со тешката болест.
🗣 “Forza Sinisa! The Rossoneri family is with you” ❤🖤
— SempreMilan (@SempreMilanCom) April 4, 2022
📸 @acmilan pic.twitter.com/ZZKqTmUvel
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













