Connect with us

Милан и Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ: Леао и Жиру го замолкнаа Неапол, Родриго го потопи Лондон (ВИДЕО)

Европскиот првак Реал Мадрид надмоќно продолжува со одбраната на титулата откако го победи Челси со 0-2 и на реваншот на „Стемфорд бриџ“ во Лондон. Тимот на Карло Анчелоти беше доминантен, а двоен стрелец за „кралевите“ беше Родриго. Во полуфиналето на ЛШ првпат по 2007 година се пласира и Милан, откако одигра 1-1 на гостувањето во Неапол. Тимот на Стефано Пиоли со минимално водство (1-0) дојде на реваншот и тоа беше пресудно.

Во Лондон, Бразилецот Родриго погоди во 58.минута за водство на Реал Мадрид, а во 80.минута уште еднаш се запиша во листата на стрелците.

Наполи одигра 1-1 против Милан, а се спаси од пораз во последните мигови од мечот со голот на Виктор Осимен. „Росонерите“ имаа водство од првото полувреме, кога Рафаел Леао направи спринт од 60 метри, а потоа несебично го проигра Оливие Жиру за погодок во 43.минута. Претходно, Французинот не реализира пенал во 22.минута, неговиот удар го одбрани Мерет.

Во второто полувреме, и Наполи не искористи пенал. Во 82.минута, Мајк Мењан го одбрани шутот од 11 метри на Квича Кварацкелија.

Милан во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот Интер – Бенфика (2-0), а Реал Мадрид ќе игра со победникот од двомечот Баерн Минхен – Манчестер Сити (0-3).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови