Италијанскиот калчолигаш Милан е заинтересиран за фудбалерот на Лил и португалски репрезентативец, Ренато Санчес. Според медиумите на Апенините, „росонерите“ се подготвени да платат 35 милиони евра за да го доведат на „Сан Сиро“.
24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ кариерата во Лил и потсети на времињата кога беше еден од најбараните млади фудбалери во Европа.
Милан сака да пронајде адекватна замена за Франк Кеси, кој најверојатно ќе замине од клубот со оглед дека не може да се договори со раководството на клубот за продолжување на соработката. Кеси бара премногу голема плата за можностите на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal