Connect with us

Милан го сака Доменико Тедеско за нов тренер?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Доменико Тедеско, би може следната сезона да го води Милан. „Росонерите“ на крајот од оваа сезона евидентно ќе се разделат со Стефано Пиоли.


За кандидатурата на Доменико Тедеско се разговарало на средбата меѓу претставниците на тимот и Златан Ибрахимовиќ, пишува „Газета дело Спорт“.

Во моментов 38-годишниот стратег ја предводи репрезентацијата на Белгија.

За оваа позиција се борат и Марсело Галјардо, Кристоф Галтие и Марко Розе. Сепак, вториот планира да го обнови договорот со Лајпциг. Тој е на чело на тимот од септември 2022 година и има договор до 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови