Connect with us

Милан го изгуби Мањан на два месеци, но во тимот конечно се враќа Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ конечно се врати на тренинзи со остатокот од тимот на Милан и би можел да настапи викендов против Верона.40-годишниот напаѓач оваа сезона одигра само еден натпревари. Тој настапи на последните 30 минути, постигнувајќи и погодик во победата од 2-0 над Лацио на 12 септември.

Ибра беше на операција на коленото во текот на летото, што го натера да го пропушти Европското првенство со Шведска, а веднаш по натпреварот со Лацио, се дозна ја преотповарил Ахиловата тетива. Конечно, по точно еден месец и шест пропуштени натпревари, 40-годишниот напаѓач денес повторно се врати на целосен тренинг со остатокот од тимот.

Тој не е единствениот, бидејќи Давиде Калабрија и Раде Круниќ, исто така, почнаа да тренираат заедно со своите соиграчи. Ова се ретки добри вести од медицинскиот табор на “росонерите”, кои, периодов, западнаа во сериозна криза со повредите.

Познато, второпласираниот тим во Серија А остана без првиот голман Мајк Мањан, кој беше опериран на левата рака и ќе отуствува околу два месеци. Французинот се очекува да се врати на крајот од годината, но сепак, ризикува да пропушти дури 16 мечеви во сите натпреварувања. Исто така, во моментот, “црвено-црните” се и без Бакајоко, Флоренци, Месијас, Плицари и Малдини поради повреда, и Тео Хернандез поради позитивен КОВИД-19 тест.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови