Connect with us

Милан го губи Франк Кеси, Тотенхем и ПСЖ со многу побогати понуди

Италијанскиот калчолигаш Милан му понуди можност за нова соработка на Франк Кеси, но понудата сериозно заостанува зад сумите што може да ги одвојат Пари Сен Жермен и Тотенхем, кои исто така покажуваат голем интерес за негов ангажман. Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска е важна алка во системот на Стефано Пиоли, но раководството на клубот не може да му понуди повеќе од 6,5 милиони евра по сезона. Тоа не е конкурентно во однос на барањата на Франк Кеси за годишна плата од 9 милиони евра.

ПСЖ и Тотенхем би можеле да ги задоволат финансиските желби на Франк Кеси, а тој би можел да го напушти „Сан Сиро“ како слободен агент следното лето. Според италијанските медиуми, ставот на Паоло Малдини е дека Милан веќе ја понудил максималната плата во текот на преговорите.

Франк Кеси веќе од јануари би можел да води преговори со другите заинтересирани клубови и да се подготвува за летно заминување од Милано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови