Португалскиот играч за врска, Ренато Санчез, е трансферна цел на италијанскиот калчолигаш Милан. Ренато Санчез своевремено важеше за еден од најголемите европски таленти, направи трансфер во Баерн Минхен, но не се снајде најдобро. Сепак, повторно се пронајде во дресот на Лил со кој ја освои и шампионската титула во Франција.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, смета дека Ренато Санчез би бил одлично освежување на средниот ред на тимот. „Росонерите“ веќе стапија во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и подготвени се да платат 30 милиони евра за неговиот трансфер.
Милан и Лил пред неколку дена го реализираа и трансферот на голманот Мајк Мењан. Во завршна фаза е и доаѓањето на Оливие Жиру од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













