
Аргентина е во финалето, а Лео Меси е на чекор да го исполни својот и сонот на сите Аргентинци. В недела „гаучосите“ ќе играат во битката за трофејот против подобриот од дуелот меѓу Франција и Мароко.
Првата ѕвезда на Аргентина вели дека е пресреќен затоа што знае дека неговиот народ се радува. И покрај лошиот старт, тој сакал само да веруваат во репрезентацијата.
„Не тргнавме најдобро на Светското првенство и тоа беше кошмар за нас. Но, знаев дека оваа Аргентина може многу и само барав да ни веруваат. И драго ми е дека е така, пресреќен сум што мојот народ се радува. Овде повеќе од 40.000 Аргентинци лудуваат, а можам само да замислам како е во Аргентина. Сега сме на еден чекор до целта и ќе сториме сѐ за да го кренеме пехарот“, изјави Лионел Меси по триумфот на Аргентина над Хрватска во полуфиналната пресметка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
