
Интер Мајами не успеа да ја отвори новата сезона во американската МЛС лига со победа, откако одигра драматично 2-2 на домашен терен против Њујорк Сити.
Новоназначениот тренер Хавиер Маскерано, во стартниот состав ги вклучи сите четири големи ѕвезди – Жорди Алба, Серхио Бускетс, Лионел Меси и Луис Суарез.
Домаќините од Мајами започнаа одлично и поведоа уште во петтата минута со гол на Томас Авилес. Сепак, истиот фудбалер набрзо стана трагичар, откако во 23. минута заработи директен црвен картон.
Со играч повеќе, Њујорк Сити направи целосен пресврт. Гостите израмнија уште пред полувремето со гол на Митја Иленич во 26. минута, а во 55. минута Алонсо Мартинез погоди за водство од 1-2.
Golazo de Telasco tras un pase magistral de Leo Messi 😮💨 🇦🇷🤝🇻🇪 pic.twitter.com/W6j8DDM2kq
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) February 23, 2025
Се чинеше дека шампионите на Источната конференција од минатата сезона ќе започнат со пораз, но во 100. минута Лионел Меси асистираше за 21-годишниот Венецуелец Теласко Сеговија, кој донесе бод за Мајами.
Возбудувањата не завршија тука – само четири минути подоцна, Меси доби жолт картон, но избегна исклучување.
Клубот на Дејвид Бекам минатата сезона доминираше во Источната конференција, но беше елиминиран уште во првата рунда од плејофот. Оваа сезона, амбициите се многу поголеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
