Connect with us

Меси продолжува да урива рекорди на светските првенства

Лионел Меси продолжува да урива рекорди на светските првенства. По првиот гол на Аргентина против Холандија, тој стана играчот со најмногу асистенции во натпреварите од нокаут фазата. Ѕвездата на „гаучосите“ сега има пет одлучувачки асистенции и го престигна кралот на фудбалот, Пеле, кој има четири.


Во 36. минута од мечот со „лалињата“, Меси со прекрасно додавање го доведе Молина во позиција за гол, а дефанзивецот го отвори резултатот.


Со неговиот удар од белата точка во второто полувреме против Холандија, Лео се израмни со Габриел Батистута по бројот на головите на светските првенства. Тие двајца се најуспешните Аргентинци на мундијалите со по 10 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови