
Аргентинскиот фудбалски гениј има голем број рекорди во светот на фудбалот, но синоќа Аргентинецот го запиша своето име во листата на негативни достигнувања во Лигата на шампионите. Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен промаши пенал на мечот со Реал Мадрид, а тоа не се покажа фатално за неговиот тим, кој сепак стигна до победа со голот на Килијан Мбапе во судиското продолжение.
Интересен податок е дека тоа беше петти промашен пенал на Меси во Лигата на шампионите. Според овој показател, тој го израмни антирекордот на Тиери Анри, кој исто така има пет промашувања од белата точка во натпреварите од најпрестижното клупско фудбалско натпреварување.
Воедно, Меси го надмина Кристијано Роналдо по бројот на изведени пенали во Лигата на шампионите. Португалецот досега шутираше 22 пати од белата точка во елитното натпреварување, додека неговиот најголем противник низ годините веќе има 23 обиди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
