Connect with us

Меси: Можеме да го елиминираме Баерн во реваншот

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси ги сподели своите очекувања за реванш мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Парижаните го загубија првиот меч со 0-1, но се убедени дека можат да ги свртат работите во своја полза на „Алијанц арена“.


„Победите над Лил и над Олимпик Марсеј ни дадоа залет во борбата за титулата. Мислам дека одигравме подобро против Марсеј. Ќе се обидеме да дадеме сѐ од себе и да го елиминираме Баерн во ЛШ. Тоа е нашата цел. Мора да бидеме исполнети со оптимизам и верба во нашите способности. Во Минхен не очекува рамноправен и многу тежок натпревар како и првиот. Малите детали ќе бидат одлучувачки. Не е лесно да се победи Баерн на нивниот стадион. Ако направиме се како што треба, сепак, можеме да ги свртиме работите. Сакаме да продолжиме во Лигата на шампионите и ќе направиме се што можеме за да го постигнеме тоа“, изјави Меси.

„Се чувствувам добро од почетокот на сезоната. Мојата прва година во Париз беше тешка. Различни фактори влијаеа на мојата подолга адаптација. Сега сѐ е во ред. Поудобно ми е и во клубот и во градот. Во животот отсекогаш ме водеше желбата да работам напорно и да се обидам да постигнам нешто повеќе. Дојдов во нов клуб и сакам да освојам со ПСЖ се што си поставивме како цел“, изјави Аргентинецот.

Мечот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ ќе се одигра в среда, на „Алијанц арена“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови