Аргентинската ѕвезда Лионел Меси поради повреда ќе го прескокне денешното гостување на ПСЖ против Бордо, меѓутоа според последните најави од медицинскиот тим на францускиот тим тој ќе се врати порано од очекувањата на терените.
Меси треба да биде подготвен за настап на дербито против Бразил во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Ова е одлична вест за Аргентина, но и за ПСЖ затоа што на него ќе може да смета веднаш по завршувањето на репрезентативната пауза.
Повредата Меси ја заработи во натпреварот од француското првенство против Лил кога беше заменет на полувремето, а првичните прогнози беа дека на теренот ќе се врати кон средината на декември. Сепак, тој би можел да подготвен и за последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите кое се игра на почетокот на декември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













