Лионел Меси, човекот со осум „Златни топки“ и безброј магични моменти зад себе, повторно се наврати на својот најголем ривал – Кристијано Роналдо. Во ново интервју, аргентинската ѕвезда открива колку го цени Португалецот, но и зошто нивниот однос никогаш не прераснал во вистинско пријателство.
„Имам огромна почит и восхит кон Кристијано, особено затоа што и на 40 години игра на врвно ниво,“ изјави Меси, кој и самиот ќе наполни 38 години ова лето.
Според него, ривалството што го обележа модерниот фудбал билo ограничено само на зелените терени:
„Секогаш сме се натпреварувале со цел да го дадеме најдоброто за нашите тимови. Но, тоа секогаш остануваше на теренот.“
Иако светот долго време ги гледаше како антиподи – двата пола на фудбалската планета – Меси објаснува дека во приватниот живот тие се едноставно луѓе со свои животи и обврски:
„Очигледно не сме пријатели – никогаш не сме поминале време заедно. Но секогаш имало почитување, и тоа е она што е важно.“
Ривалството меѓу Меси и Роналдо дефинираше една цела ера во фудбалот. Додека Кристијано и понатаму носи голови и спектакл во дресот на Ал Наср, Меси ја маѓепсува американската публика како лидер на Интер Мајами.
Двајцата се уште активни, уште легенди – но секој по свој пат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













