Лионел Меси го освои Светското првенство во Катар и го додаде единствениот трофеј што му недостигаше во импресивната кариера. Меси беше прогласен и за најдобар играч на натпреварувањето, а сега се реши да ги почести репрезентативците.
Капитенот на Аргентина им купи „iPhone 14“ со позлатени маски за долго и среќно сеќавање на освоената титула на сите 35 членови на националниот тим, фудбалерите и стручниот штаб.
За тоа зборуваше Бенџамин Лајонс од Indesing Gold.
„Наша чест е да им ги доставиме овие подароци на соиграчите на Лео и на стручниот штаб на националниот тим. Тоа е негов подарок за освојувањето на титулата“, изјави Бенџамин Лајонс.
Репрезентацијата на Аргентина ќе добие мобилни телефони на кои е испечатен амблемот на аргентинската федерација, три ѕвезди кои ги претставуваат сите освоени светски првенства со посебен натпис заедно со титулата од 2022 година. Имињата и броевите на дресовите ќе бидат испечатени на секој од нив, а Меси за сето тоа наводно платил 210 илјади евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













