
Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси го доби признанието “Лауреус” за најдобар спортист во светот за 2022 година. Тој ја освои титулата светски првак со Аргентина на мундијалот во Катар и тоа беше пресудно за добивањето и на оваа награда.
Меси вторпат во кариерата добива “Лауреус”. Првиот пат ја подели наградата со Луис Хамилтон во 2020 година.
Аргентинецот е во фокусот на претстојниот преоден рок. Тој речиси сигурно ќе замине од ПСЖ, а се уште е неизвесно дали ќе се врати во Барселона или пак ќе ја прифати пребогатата понуда на Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
