Интер Мајами си обезбеди финале во Лига купот по спектакуларен пресврт во второто полувреме, каде што славеше со 3-1 против Орландо Сити во дербито на Флорида. Лионел Меси беше херојот на вечерта – при своето враќање од повреда постигна два гола во последните 15 минути, за цеосен пресврт на резултатот, а Теласко Сеговиа во судиското продолжение ја запечати победата.
Орландо го заврши првото полувреме со водство благодарение на голот на Марко Пашалиќ. Но, сè се промени откако Давид Брекало доби втор жолт картон и беше исклучен.
MESSI MIGHT'VE JUST WON IT. WOWOWOWOW. pic.twitter.com/r3ZUYugpz5
— Major League Soccer (@MLS) August 28, 2025
Меси тогаш го презеде главниот збор – прво реализираше пенал во 77. минута за 1-1, а потоа во 88. погоди по маестрална акција со Жорди Алба. Само неколку моменти подоцна, Сеговиа ја искористи комбинацијата со Луис Суарез и постигна трет гол за конечни 3-1, запечатувајќи уште една голема вечер за „чапљите“.
Со оваа победа, Интер Мајами се пласира во финалето на 31 август, каде ќе се сретне со Сиетл Саундерс, а воедно обезбеди и место во КОНКАКАФ Лигата на шампионите за 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













