Connect with us

Меси донел одлука, ќе остане во Европа и нема да тргне по патот на Роналдо

Пари Сен Жермен уште една година доживеа елиминација во раната фаза во Лигата на шампионите, па оттаму тимот со многу ѕвезди не го исполни планот. Најголемата ѕвезда Лионел Меси сѐ уште размислува дали да ја профати понудата за нов договор, но, сепак, „Мундо Депортиво“ дека донел една важна одлука. Тој нема да ја напушти Европа иако има понуди од Саудиска Арабија и од МЛС – лигата на САД. Аргентинецот не сака да тргне по патот на Кристијано Роналдо.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и сѐ уште не одлучил каде ќе игра следната сезона.

„Постојано има гласини дека тој ќе замине во Интер Мајами, Саудиска Арабија или ќе се врати во Аргентина и ќе игра за Њуелс Олд Бојс. Сепак, ништо од тоа нема да се случи. Меси останува во Европа”, тврди „Мундо Депортиво“.

Меси сѐ уште се поврзува со враќање во Барселона, но тоа ќе биде тешко да се оствари. Најновиот обид на Барселона е да го ангажира за скромна плата, со оглед на проблемите што ги има со финансискиот фер-плеј, но на прошталниот меч за каталонскиот гигант да му исплати бонус од 100 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови