
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бењамин Менди, е ослободен од едно од осумте обвиненија за силување, поради недостиг на докази, соопшти денеска судот во Честер.
Кообвинетиот Луис Саха Матури исто така беше ослободен од две точки од обвинението за силување и сексуален напад. Настаните наводно се случиле во јули и август минатата година.
На францускиот дефанзивец, кој е суспендиран на една година од неговиот матичен клуб, му се суди од август во Честер и се уште е обвинет за седум точки за силување, еден обид за силување и една точка за сексуален напад.
Саха Матури, кој нема врска со поранешниот фудбалер Луис Саха, се уште е обвинет за шест точки за силување и три точки за сексуален напад.
И двајцата ги негираа обвиненијата од почетокот на судењето.
Менди (28), кој со Франција го освои златото на Светското првенство во 2018 година, помина повеќе од четири месеци во истражен затвор, од август минатата година до почетокот на оваа година.
Тој беше под судски надзор до почетокот на судењето.
Менди се пресели во тимот од Манчестер во 2017 година за 52 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал
