
Мемфис Депај, 28-годишниот холандски напаѓач, е незадоволен во Барселона, а и каталонскиот клуб не е воодушевен од неговите игри, па речиси е сигурно дека следниот преоден рок ќе донесе разделба меѓу Депај и Барселона.
Агентите на холандскиот напаѓач веќе разговарале со Лион, клуб кој Депај го напушти минатото лето како слободен играч. Наводно постои обострана желба Депај по крајот на сезоната да се врати во Лион, а наскоро се очекува да започнат и официјалните преговори.
Депај дојде на барање на Роналд Куман, а се чини дека Чави не го смета за важен играч и нема да му биде проблем да остане без него. Доаѓањата на Феран Торес, Пјер-Емерик Обамејанг и Адам Траоре го ставија Депај во позадина.
Холанѓанецот чија вредност се проценува на 45 милиони евра, на 23 настапи постигна осум гола и е најдобар стрелец на Барселона во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
