Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај сѐ уште е без клуб, откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Имаше неколку понуди, но сите пропаднаа, главно поради барањата на Депај, кои не се мали.
Севилја беше клуб кој беше упорен да го доведе во своите редови, но на крајот реши да се потпре на моментната сила во клубот и ако тоа не е доволно, во јануари да тргне по засилувања.
Рајо Ваљкано исто го сакаше Депај, но останувањето на Раул де Томас го спречи и неговото доаѓање. Депај силно сакаше да остане во Шпанија.
Коринтијанс е последниот клуб кој се поврзува со Депај, па ќе видиме дали 30-годишниот фудбалер ќе замине во Бразил.
Во претходните три години играше за Барселона и за Атлетико Мадрид, но поради неговата недоследност и честите повреди не беше реално да продолжи да игра во врвен клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal