Connect with us

Мелиќи: Мораме да бидеме внимателни, Арсими ни направи многу проблеми во Тетово

Шкендија гостува во Гостивар кај тимот на Арсими, во обид да дојде до нови три бода, и да ја продолжи трката за одбраната на титулата во ПМФЛ, и потерата по водечките Вардар и Струга ТЛ.

Сепак, од таборот на тетовскиот тим се внимателни пред овој натпревар, потсетувајќи се на претходниот натпревар кога Арсими одигра добар натпревар во Тетово, и успеа да извлече бод.

„По многу важната победа во Купот, сега се фокусираме кон првенството. Ова ќе биде еден од потешките натпревари, затоа што Арсими ни предизвика проблеми на првиот меч во Тетово. Тимот е во добра форма, но сега мораме да ги заборавиме сите претходни резултати и максимално да се фокусираме кон дуелот со Арсими. Направивме анализа, и мислам дека ако ги спроведеме задачите од тренерот, ќе немаме проблеми. Шкендија има многу квалитетни играчи, и оди на победа и три бода“, истакна фудбалерот на Шкендија, Анес Мелиќи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови