Актуелниот шампион на Италија, Наполи, со стил ја отвори новата сезона во Серија А. „Партенопеите“ без поголеми возбудувања славеа со 0-2 на гостувањето кај повратникот во елитата, Сасуоло.
Веќе во првиот дел Скот Мектоминеј ја оправда довербата на Антонио Конте и со прецизен удар донесе предност за гостите. По паузата, на сцена стапи новото големо име во тимот – Кевин Де Бруин, кој со својот прв погодок во „небесно-синиот“ дрес ја потврди победата.
Наполи до самиот крај го контролираше натпреварот, играјќи со посед од над 65% и создавајќи дури 17 обиди кон голот на домаќините – доволно за да се види апсолутната доминација на шампионот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













