Златното момче Македонче, Дејан Георгиевски, пристигна на аеродромот во Скопје и со триумфалниот автобус се упати кон престолнината со олимпиското сребро на градите. За Македонија тоа е огромен спортски успех, а тој е среќен што донесе радост на македонските граѓани.
„Откако пристигнав и видов колку луѓе ме пречекаа и колку се радосни, ме обземаа емоции. Тука гледам колку е големо ова постигнување. Нека се радува Македонија! Сакам да се заблагодарам на сите кои ми искажаа поддршка по освојувањето на медалот, а и претходно. Ќе се трудам максимално и во иднина да ги радувам македонските граѓани“, изјави Дејан Георгиевски по пристигнувањето од Токио.
Вечерва Дејан Георгиевски, со почеток во 19.30 часот, ќе пристигне и на плоштадот Македонија во Скопје, каде ќе има можност да го прослави медалот со сите македонски граѓани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













