Трансферот на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид е речиси доведен до формалност, но каталонски „Спорт“ дава ексклузивна информација дека Французинот ја променил одлуката.
Тоа би бил шокантен пресврт и веројатно повеќе ќе го потресе фудбалскиот свет отколку да остане во Париз со надеж дека ќе го убеди Килијан Мбапе да го продолжи договорот со „светците“.
„Билд“ неодамна објави дека Реал Мадрид ги договорил личните услови со францускиот ас, кој во иднина ќе стане најплатениот играч во тимот и ’рбетот на Мадрид, почнувајќи од ова лето.
Сепак, „Спорт“ пишува дека Мбапе не е убеден во проектот на Реал Мадрид, чија понуда од финансиска природа е супериорна. На стрелецот на единствениот гол на мечот на „Паркот на принцовите“ во вторникот не му се допаднал начинот на кој играше „кралскиот клуб“ и добил негативен впечаток што може да го оттргне од „Бернабеу“.
Како опција која навнодно повеќе му се допаѓа од спортска страна е Ливерпул. „Црвените“, преку Јирген Клоп, ќе се обидат да го убедат Мбапе да дојде на „Енфилд“ и комплетно да одбележи една нова ера со освојување на многу трофеи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













