Реал Мадрид со минимален триумф над Осасуна (1-0) на „Сантијаго Бернабеу“ ја започна новата сезона во Ла Лига. „Кралевите“ славеа во последниот натпревар од колото, но далеку потешко од очекуваното. Сепак, Чаби Алонсо дебитираше со победа.
Домашниот тим имаше апсолутна контрола и создаде бројни шанси, но не успеваше да го најде патот до мрежата од игра. Решавачки момент донесе Килијан Мбапе, кој со легендарната „десетка“ на грбот беше херојот на Мадрид.
🚨🇪🇸 GOAL | Real Madrid 1-0 Osasuna | Mbappe
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 19, 2025
MBAPPE OPENS THE SCORING FOR REAL MADRID!pic.twitter.com/LQWt2qQJQ7
Французинот во 51. минута сигурно реализираше пенал и го запиша единствениот гол на натпреварот, осигурувајќи три бода за Реал на стартот на сезоната.
Во следното коло Реал Мадрид гостува кај повратникот Овиедо, додека Осасуна ќе игра на домашен терен против Валенсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













