Килијан Мбапе се согласи да се откаже од бонусот за лојалност за да не го продолжи договорот со ПСЖ. Французинот ја форсира опцијата да остане во клубот без продолжување на договорот, но да се откаже од бонусот за лојалност што требаше да го добие како играч на ПСЖ по 31 јули оваа година.
Претходно беше објавено дека првиот дел од бонусот за лојалност на играчот е 40 милиони евра. Дополнителни 40 милиони треба да добие и по 31 август.
Парижаните веќе најавија враќање на напаѓачот во тимот по „многу конструктивни и позитивни преговори“. Во текот на летото Мбапе беше отстранет од тимот поради неподготвеност да го продолжи договорот.
Актуелниот договор на Мбапе е до летото 2024 година, а ПСЖ сака да го продолжи договорот до 2025 година, со загарантиран трансфер на напаѓачот во Реал Мадрид на крајот од сезоната 2023/24.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













